ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Камчев до Груевски: „Ај, со здравје!“

Кој вели дека содржините на тие снимки не се однапред договарани, координирани, аранжирани и режирани? Можеби се снимани во петокот, за да се пуштат во сабота...

April 5, 2022 11:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Никола Груевски падна од власт заради стотиците објавени автентични разговори во кои неговото владеење се демаскира како комплетно заробување на државата за политичките и материјалните интереси на врхушката на власт што тој ја предводеше. Тие разговори, покрај познатиот политички епилог, добија и добиваат судски завршници со кои се потврдуваат обвиненијата на СЈО, иако за правосилните судски пресуди во повеќе од предметите ќе причекаме уште некоја година.

Сега, пак, истиот тој Груевски со методот на „жолтите комбиња“ – за кои самиот апсеше – се обидува „од дистанца“ да ги дискредитира сведоците и соучесниците низ кривичните процеси против него, за да „докаже“ дека само тој е невин: ги снима сите со кои од Будимпешта телефонски разговара (е, таа „библиотека“ би било драгоцено да се добие), а веројатно го снимаат и тие него, па, според моментната потреба, „протекуваат“ снимки по интернет, ама сега тие не се „сечени, лепени, монтирани“, туку строго веродостојни и се нудат како валидни судски докази за морално-политичко и правно „оцрнување“ на опонентите, за потребите на одбраната.

А, од ланскиот февруари (кога, наводно, се одвивале двата тукушто објавени разговори меѓу Камчев и Груевски), до овој април, низ матен Вардар има протечено вода колку за цела една кривично-правна „енергетска“ сезона! Којзнае уште колку снимки би можеле да се извадат со вербални пресврти што ќе „потврдат“ какви сакате тврдења. Кој вели дека содржините на тие снимки не се однапред договарани, координирани, аранжирани и режирани? Можеби се снимани во четвртокот, лепени и сечени во петокот, за да се пуштат во сабота… Некако, дијалогот многу таксативно оди по точките од обвинувањата, а и по исказите на сите кои сведочеа, а биле долгогодишни, најблиски имотно-правни соработници на Грујо.

И какви се, впрочем, тие „доверливи“ телефонски комуникации во кои, меѓу морално распаднатите соговорници, никој никому ништо не му верува, меѓусебно се лажат и се озборуваат како тетки на чешма? Само во едно се согласни, дека се „наместени“ од обвинителството и судот, и тоа од истите оние правораздавачи со чија сесрдна помош самите со години местеа и судеа стотици невини луѓе, за да разграбат имоти и да елиминираат бизнис и политички противници кои можеа да им ја загрозат власта на начинот на кој тие ја практикуваа. Телефонскиот „осврт“ на зачудениот и скандализиран Груевски, во овие два објавени разговори, за состојбите во македонското правосудство (Камчев, во вториот разговор: „И таа е избрана судијка у наше време!… Шо да ти кажам!“) се како да доаѓаат од некоја невина чесна сестра чиј манастир со години бил претворен во бордел, ама таа од што по цел ден била зафатена со богобојазливи молитви, крстења и палење кандила, не успеала на време да сфати што се случува.

Што бо рекле Србите: „Ко о чему, курве о поштењу!“

Во објавените разговори, Камчев зборува со Груевски те како да се маалски пајташи, те како да е овој уште неприкосновен премиер во државата. Груевски, всушност, со објавувањето на овие снимки дополнително го дискредитира Камчев како сведок, а овој пет пари не дава, бидејќи и така наликува на морално-политичко „решето“ кога му се бизнис-практиките во прашање. Ама, па, Грујо сам си го одбра за партнер во зделките, токму заради тие врвни квалитети на Камчев.

Што би рекол самиот Камчев (на крајот од првиот разговор): „Треба навечер да легнеш, да заспиеш и да се разбудиш сабајлето. Прво, да наместиш човек е зло, а второ да наместиш човек треба мирно да спиеш… Невероватно… Невероватно… Тоа е… Биди поздравен, све што треба тука сме, ќе се чуеме идната недела, ќе ти го пуштам ова, ќе го видиш. Ај, со здравје!“

Е, навистина со здравје. Не разбравме, само, кому му припаѓаат клучевите од судски „замрзнатите“ празни станови од 750 квадрати во „Панорама“? Штета ќе биде така да пропаднат, невселени…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Општина Центар со жалба до Управата за имотно правни работи за одземање на правото на користење на државно земјиште кај зградата „Тифани“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk