Украинското Министерство за одбрана очекува нови руски напади врз опколениот источен град Харкив, изјави доцна синоќа портпаролот на Министерството за одбрана Олександр Мотузјаник, пренесува ДПА.
– Руските војници се подготвуваат да го заземат градот, изјави Мотузјаник за весникот „Украинска правда“.
Руските сили во другите делови на Украина, исто така, вршат засилувања, додаде тој./МИА/.