ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

July 5, 2025 16:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– После една година влада на ВМРО-ДПМНЕ, резултатите на надворешен план се поразителни. Македонија е понижена, без ниту еден успех, само порази. Наместо подобри позиции како што ветуваа Македонија е заглавена, со далеку полоша влошена позиција на меѓународен план. Наместо напредок и гордост –министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски донесе срам и понижување. Наместо европска иднина – блокада и неуспеси, изјави Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ.

„Со Тимчо Муцунски на чело на МНР се најавува и најголемиот срам во поновата историја – заканата за бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент.

Ова не е случајност. Ова е директен резултат на погубната, погрешна и вазалска политика на Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ обезбеди јазикот да биде впишан во преговарачката рамка. Се потпиша договор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, без фусноти, без додавки, без ѕвездички. Значи македонски јазик обезбеден во официјални и обврзувачки документи на ЕУ, прифатени од сите земји членки.

Тоа беше победа на мудрата дипломатија и политиките на СДСМ.  За денеска сите тие победи Муцунски заедно со неговиот шеф Мицкоски да ги претворат во порази.

Министерот Муцунски нема ниту еден резултат, ниту еден постигнат договор, ниту еден пријател стекнат.

Тотален дебакл на надворешната политика.

За една година:
-Македонија нема ниту еден меѓународен успех.
-Нема подобра меѓународна позиција, туку влошена.
-Нема подобри преговарачки позиции, нема подобра преговарачка рамка.
-Нема ниту една нова инвестиција од САД која се ветуваше, туку добивме 33% зголемена царина.
-Европскиот пат е замрзнат, Македонија е зад сите земји од регионот.
-Дипломатската мрежа е разурната, партизирана и нефункционална.
-Наместо во периметарот денеска сме на периферијата на демократскиот свет.
-Македонија денес е без компас, без насока и без глас во светот.

Тоа е резултатот од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски.

СДСМ ќе продолжи со борбата за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, достоинствена, европска Македонија – со заштиен македонски јазик, идентитет и со јасна иднина“, истакна Жерновски.

Next Post

Куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на кеј и избега, обвинителството поднесе жалба

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk