ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Зелен договор: ЕП ги поддржува ажурираните упатства за трансевропската енергетска инфраструктура

Европскиот парламент ги одобри новите правила за избор на енергетски проекти кои можат да добијат финансирање од Европската Унија и усогласување на постојната регулатива со Зелениот договор на ЕУ.

April 5, 2022 16:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Законодавството има за цел да го усогласи распоредувањето на енергетската инфраструктура со целите на Зелениот договор/AdobeStock/fotowunsch

Законодавството има за цел да го усогласи распоредувањето на енергетската инфраструктура со целите на Зелениот договор/AdobeStock/fotowunsch

Share on FacebookShare on Twitter

Законодавството, договорено со Советот во декември 2021 година, ги поставува критериумите и методологијата за избор на енергетски проекти од заеднички интерес (PCIs), како што се високонапонски далноводи, цевководи, капацитети за складирање енергија и мрежи, кои би имале корист од брзите административните процедури и кои би ги исполнувале условите за добивање средства од ЕУ, соопшти Европскиот парламент.

Зголемете го водородот, укинете го природниот гас

За време на преговорите, европратениците го поддржаа вклучувањето на финансирањето на проекти поврзани со развојот на инфраструктурата на водородот и складирањето на јаглеродот. Подобните проекти исто така треба да ја поттикнат интеграцијата на пазарот и да ја зголемат безбедноста на снабдувањето со енергија.

Избраните проекти ќе треба да им помогнат на земјите на ЕУ да се оддалечат од цврстите фосилни горива како јаглен, лигнит, ќумур и нафтени шкрилци. Европратениците обезбедија финансирање на проекти кои ја пренаменуваат постојната инфраструктура за природен гас за транспорт или складирање на водород за време на преоден период. Проектите од ваков карактер ќе можат да добијат финансиска помош од ЕУ до 31 декември 2027 година.

Завршување на енергетската изолација на Кипар и Малта

Новите проекти базирани на природен гас повеќе нема да бидат подобни за финансирање од ЕУ. Сепак, привременото отстапување ќе им овозможи на Кипар и на Малта да имаат по еден проект за гас подготвен за водород, финансиран со цел да се поврзат со мрежата на ЕУ и да работат под строги услови.

„Денешната трагична реалност на војната во Европа и драматично ниското ниво на енергетска безбедност на Европската унија докажуваат дека ЕУ со години прави сериозни грешки во проценката на своите потреби, вклучително и во однос на трансевропската енергетска инфраструктура“, рече водечкиот европратеник Здислав Краснодебски (ECR, PL).

Со новата законска регулатива, „не само што го подобруваме процесот на планирање на инфраструктурата, туку и притискаме за нови видови проекти од заеднички интерес, во согласност со климатските цели. Ревидираната рамка на TEN-E ќе поттикне инвестиции во мрежи за водород и CO2, како и развој на офшор мрежа“, додаде тој.

Следни чекори

Текстот беше одобрен од Парламентот со 410 гласови, 146 против и 72 воздржани. Сега ќе треба формално да биде усвоен од Советот пред објавување во Службен весник и последователно стапување во сила.

Во својата резолуција од 10 јули 2020 година, Парламентот повика на ревизија на регулативата за трансевропските мрежи во енергијата (TEN-E), која ги поставува насоките на ЕУ за прекугранична енергетска инфраструктура и го опишува процесот за избор на т.н. заеднички интерес (PCI). Во декември 2020 година, Комисијата усвои предлог за ревидирање на регулативата TEN-E.

PCI се инфраструктурни проекти кои се сметаат за суштински за исполнување на целите на ЕУ во енергетската област, вклучително и подобрена интерконекција помеѓу националните пазари, поголема конкурентност, безбедност на снабдувањето и промоција на обновливите извори на енергија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Yesenia Lara Gutiérrez

Кандидатка за градоначалничка во Мексико застрелан за време на пренос во живо од предизборен митинг

May 13, 2025

Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената

May 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на RICK FILE

Мисијата на ОН во Либија повика на деескалација на борбите и нападите врз цивилите во Триполи

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk