ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи на НАТО состанок во Брисел: Западен Балкан е неизоставен дел од идната безбедносна структура во Европа

April 7, 2022 15:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Западен Балкан е неизоставен дел од идната безбедносна структура во Европа. Затоа евроатлантската и европската интеграција на Западен Балкан е безбедносно прашање и алатка за зајакнување на стабилноста. Оттука упатуваме јасна порака за што поскоро отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, што е од круцијално значење за зачувување на регионалната и европската безбедност, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој  учествуваше на состанокот на Северно-атлантскиот совет на ниво на министри за надворешни работи, што се одржа во седиштето на НАТО во Брисел.

Како што соопшти МНР, централна тема на сесиите беше актуелната безбедносна состојба предизвикана од руската воена инвазија во Украина, како и мерките и активностите што Алијансата ги презема за гарантирање на безбедноста на сите земји членки на НАТО.

Воедно, стана збор и за новиот Стратешки концепт, што треба да одговори на новата геополитичка реалност и да постави идна стратешка визија за Алијансата. 

 

На посебна сесија на која учествуваа и министрите за надворешни работи од партнерските земји како и високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел стана збор за односите на НАТО со партнерите и начинот за натамошно унапредување на соработката и поддршката од страна на Алијансата, а со цел зајакнување на нивната отпорност.

Османи и во оваа прилика најостро ја осуди руската агресија во Украина, особено грозоморните убиства на цивилното население и повика на итен прекин на огнот, при што  ја реафирмира нашата солидарност со Украина. Воедно, ја нагласи неопходноста за натамошно зајакнување на присуството на НАТО во Западен Балкан , како регион подложен на зголемено влијание од страна на трети држави, стои во соопштението на МНР.   

Во рамки на состаноците, министерот Османи оствари билатерални средби со своите колеги од Финска и Словачка. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Џенет: Целосната забрана на извозот на руска нафта ќе предизвика огромен раст на цената на нафтата на светскиот пазар

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk