Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон денес неочекувано пристигна во Киев и веднаш започна разговори со претседателот Володимир Зеленски.
Посетата на Џонсон не беше најавена поради безбедноста на британскиот гостин.
Според “Млада Украина“, ова го објави заменик-шефот на Кабинетот на шефот на државата Андриј Сибига на социјалните мрежи.
“Во моментов, посетата на Борис Џонсон на Киев започна со тет-а-тет средба со претседателот Зеленски“.
Обединетото Кралство е лидер во одбранбената поддршка на Украина. Лидер во антивоената коалиција и е лидер во санкциите против рускиот агресор“, рече господинот Сибига. Тој објави и фотографија од местото на средбата.
Ќе потсетиме дека британските власти беа вчудоневидени од злосторствата и варварството извршено од Русите врз цивилното население во Буча и другите украински градови.
Пред некој ден премиерот Борис Џонсон изјави дека не верува во успехот на Путин и верува дека рускиот агресор никогаш нема да го скрши духот на Украинците.
Официјален Лондон, исто така, ги повикува партнерите во НАТО веднаш да ѝ дадат на Украина против-бродски ракети за да ги спречат плановите на Путин да ја окупира јужна Украина и да го заштити брегот од гранатирање од море.
подготви: Жорж Димовски