ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Подољак раскажа како руските преговарачи реагираат на обвинувањата за масовни убиства на Украинците

April 9, 2022 12:55
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претставниците на руската делегација на разговорите ги негираат обвинувањата за убиства на украински цивили од страна на руската армија. Згора на тоа, тие тврдат дека злосторствата во Буча се „инсценирани од холивудски актери“, објави Обозревател. 

Михаил Подољак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, зборуваше за ова во етерот на каналот Current Time. Според него, руските преговарачи убиството на педесет луѓе во Краматорск го препишале на „нацисти“, кои наводно биле „поставени“ од украинските власти.

„Кога ќе им ги поставите овие прашања за време на преговорите: „Видете, убивате цивили во Буча, тие ги креваат очите и отворено велат: „Буча е продукција на холивудски актери“ или „Краматорск – вие ги поставивте нацистите што пукаа врз цивилите“, рече Подољак.

Советникот на шефот на претседателскиот кабинет додаде дека нема рационалност во ставот на Русите и дека е невозможно да се расправа со нив.

Покрај тоа, Подољак истакна дека однесувањето на Руската Федерација спрема Украина во однос на пропаганда, војување, масовно силување, убиства на цивили и уништување на инфраструктурата „потполно е идентично со нападот на нацистичка Германија врз земјите од Европа.

„Ми се чини дека постоењето на таков термин како руски нацизам наскоро ќе биде официјално признаено, бидејќи нивното однесување е апсолутно нечовечко, нехумано. Тие не се борат против армијата, тие се борат против цивили, а во исто време се борат на најживотински, богохулни начини“, рече Михаил Подољак.

Окупаторите извршија ракетен напад на железничката станица во Краматорск: 52 лица загинаа, 109 се повредени.

Тој додаде дека вооружените сили на Руската Федерација го користат „целиот опсег на неверојатно одвратни начини да убиваат луѓе“.

Во тој поглед, Украина треба да почека „некое кратко време“ кога терминот „руски нацизам во 21 век“ официјално ќе се користи во меѓународната правна практика, смета Подољак.

Како што објави ОБОЗРЕВАТЕЛ, руските напаѓачи лансирале две ракети на железничката станица во Краматорск во моментот на евакуација на илјадници цивили. Загинаа 52 лица, а уште стотина беа повредени.

Пропагандистите на Кремљ однапред го навестија гранатирањето на Краматорск. Веднаш по трагедијата руските медиуми најавија удар на руските војници, но кога се дозна за жртви меѓу цивилното население, тие почнаа да ги чистат пораките.

Потсетуваме, исто така, дека германското разузнавање пресретна радио пораки од руските напаѓачи кои разговараа за убиствата на цивили во Буча.

превод: Жорж Димовски

 

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ повторно подбуцнува насилство за 27 април

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk