Напаѓачите во Ирпин, зад себе оставија само пепел со остатоци од книги, искинати и запалени Библии, пренесува Главред.
Руските напаѓачи уништија десетици Библии во Ирпин во регионот на Киев. Некои од нив беа изгорени, други беа едноставно искинати и расфрлани.
Пожарот бил откриен откако градот бил ослободен од напаѓачите. Соодветната фотографија на Фејсбук ја објави корисничката на социјалните мрежи Татјана Козицкаја. Таа нагласи дека за непријателот нема ништо свето.
„Градот Ирпин. Ордата запали Библии. Што да се каже за сатанистите. А руските лажни пастири ги благословуваат овие демони поради ова. Овие луѓе се демонски слуги, а не Божји слуги“, напиша таа.
Како што можете да видите од фотографијата, после пожарот лежат десетици искинати и изгорени Библии.
подготви: Жорж Димовски