„Според прелиминарните проценки, повеќе од 150 различни споменици и културни објекти се делумно оштетени или целосно уништени како резултат на воената инвазија на Русија врз територијата на слободна Украина.
Украинскиот културен фонд лансира интерактивна „Мапа на културни загуби“ за да го покаже обемот на уништувањето. Визуелизацијата на ваквите воени злосторства ги побива и изјавите на руското раководство дека руската армија наводно врши насочени напади исклучиво на воената инфраструктура“, се вели во соопштението.
Секој може да се вклучи во пополнувањето на картата. Сведоците на уништувањето на културното наследство за време на вооружената агресија на Руската Федерација можат да испратат фото или видео докази до Министерството за култура и информативна политика преку овој ресурс. По потврдувањето на информацијата, податоците ќе се прикажат на интерактивна мапа.
„Се надеваме дека оваа карта ќе биде силен аргумент за време на дискусиите со партнерите за исклучувањето на Русија од различни меѓународни културни организации или здруженија“, рече извршниот директор на УКФ, Владислав Берковски.