Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи, вели дека мачката сега е во прифатилиштето на Министерството за внатрешни работи, каде што ја лекуваат ветеринари, пренесува Главред.
Веќе неколку дена еден од симболите на победата на градот Бородјанка во борбата против руските агресори стана мачка, која спасувачите ја извлекоа од под урнатините на повеќекатната зграда.
„Мачката што преживеа. Дури денеска, 6 април, ја извлекоа од куќата, под чии урнатини веќе еден месец лежат телата на луѓе, можеби и нејзините поранешни сопственици до кој спасувачите можеа да пристапат денес“, напиша Анатолиј Кравчук локален жител.
Мачката веднаш била прегледана од ветеринари. Биле дијагностицирани проблеми со желудникопт, бидејќи долго време поминала воопшто без храна, забележително е ослабена, а од незиното тело покриено со модринки, лекарите извадија неколку шрапнели.
Дополнително: Познатиот мачор Степан од Харков собрал пари за да им помогне на животните во Украина. Да се потсетиме дека претходно популарниот мачор Степан од Харков, кој беше принуден да се евакуира со својот сопственик во Франција поради рускиот напад на Украина, беше номиниран за најпрестижната меѓународна награда за блогери и лидери на јавното мислење World Influencers and Bloggers Awards 2022.
На официјалната страница на Инстаграм на наградата беше објавено дека настанот ќе се одржи на 18 мај во Кан, Франција. Парите од продажбата на билетите ќе бидат искористени за помош на Украина.
подготви: Жорж Димовски