Обвинетиот во случајот со сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, Јордан Ѓорѓиев, од Основниот Кривичен суд – Скопје денеска беше осуден на казна затвор од три години, пренесува МИА.
На пресудата ѝ претходеше признание на вина од страна на обвинетиот. Судењето го водеше судијката Љубинка Башевска.
Семејството на загинатата Викторија Николова смета дека предусата е еднаква на ослободителна. Владимир Михајловиќ, адвокат на семејството Николови казната изречена од судијката Љубинка Башевска ја нарече несериозна. Мајката на Викторија, со плач ја дочека пресудата. Таткото на покојната, кажа дека се згрозени од висината на казната, објави А1 он.
Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол“, при што животот го загуби Викторија Николова. Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.





