Во интервју за програмата „60 минути“ на CBS News, украинскиот претседател Володимир Зеленски, вели дека Украина го брани правото на живот.
Не мислев дека е толку скапо правото на живот. Тоа се човечки вредности. Ние ги браниме за Русија да не одлучува што да правиме и како да ги користиме нашите права – рече Зеленски.
Репортерот на CBS News го праша што видел во Буча,
Зеленски одговори: Смрт. Само смрт.
Од Буча, минатата недела пристигнаа страшни снимки од телата на цивилите кои беа убиени од руските војници пред да го напуштат градот.