Се чини дека американските власти ја ревидираа својата политика во однос на испораката на најновото оружје за Украина. Оваа ситуација го привлече вниманието на школскиот колега на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот советски разузнавач Јуриј Швец, објави Prozoro.net.ua.
Според него, сето тоа станало возможно откако Вашингтон се уверил во највисокото ниво на обука на средниот и помладиот персонал на вооружените сили на Украина, а добил и информации за подготовките на Москва за големата битка за Донбас.
„Од она што се слуша од Белата куќа, ова доведе до одлука за максимизирање на снабдувањето со оружје за Украина, како и за снабдување со потешко, посмртоносно, модерно и технолошки напредно оружје“, рече Швец.
На својот канал на Јутјуб, тој рече дека во последните денови е објавено префрлање во Киев на најсовремените видови оружје, за кои самите Американци сметаат дека е опрема „на работ на фантазијата“.
Превод: Жорж Димовски