„За жал во кризно време мораш кризно да се однесуваш. Ние трета година како влегуваме во различни кризи. Но треба да се има предвид дека од почетокот на кризата пред две години, вклучително и со енергетката криза, ние имаме потрошено 1,7 милијарди евра за да им помогнеме на граѓаните и на стопанството. Само последнава енергетска криза нè чини над 615 милиони евра. И тоа луѓето треба да го знаат. Но луѓето се склони понекогаш да забораваат или да велат да, тоа им е работа. И тоа е точно. Но сепак да потсетам на времето кога ги носевме антикризните мерки, 700.000 наши сограѓани добија ваучери. Но, како сите да го заборавија тоа.
А некој тогаш велеше тоа било поткуп. Па ако со тоа поткупивме 700 илјади граѓани ние сега ќе имавме 700.000 гласови. Ама ги немаме. Значи, не било поткуп. Парите отишле кај луѓето кои навистина заслужувале во тој временски период да ги имаат“ вели вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервју за Фронтлајн.