По разоткривањето на рускиот масакр на украинските цивили во Буча, акција што предизвика ужас низ целиот свет, многу луѓе со добра волја се прашуваат колку ваквите воени злосторства од страна на руските сили може да се покажат како широко распространети и колкaва е поддршката што руските власти ја даваат на ваквите ужасни акции.
Одговорот на двете прашања е даден од страна на митрополитот Брјанск на Руската православна црква на Московската патријаршија, што им беше дистрибуиран на руските војници таму, од канцеларијата на таа црква одговорна за односите со војската и полицијата.
Превод: „Руска православна црква Московска патријаршија Брјанска митрополија
„Вие сте руски воин. Ваша должност е да ја браните татковината од украинските националисти. Ваша задача е да ја избришете украинската нација од лицето на земјата. Вашиот непријател е идеологија која предизвикува грешна штета на човечката душа“, пишува на документот.
Тоа им кажува на руските војници на најдиректен начин: „Вашата задача е да ја избришете украинската нација од лицето на земјата“, директива од црковните службеници за која многу руски војници ќе сметаат дека им дава карт-бланш што се однесува до насилството врз Украинците.
На руските функционери може да се смета дека ќе тврдат дека оваа широка страна е „лажна“, исто како што се обидоа да ги негираат злосторствата во Буча, ставајќи ги на тој начин во долга низа на брутални авторитарни и тоталитарни режими кои не ставаат никаква вредност на луѓето, животот и да претпостават дека можат да се извлечат од секое злосторство едноставно со негирање на очигледното.
превод: М. М.