За војната против Украина, Русија добива оружје од Ирак преку иранските шверцерски мрежи. Според изворите, од Ирак во Русија биле испратени РПГ и противтенковски ракети, како и повеќекратни ракетни фрлачи развиени во Бразил, објави nv.ua.
На Москва и беше подарен и ракетниот систем Бавар 373 од Иран, сличен на рускиот С-300 САМ. Во Русија е вратен и комплексот С-300.
На 26 март, шиитската група Хашд ал-Шааби испрати РПГ и противтенковски ракети во Иран, а на 1 март беа демонтирани и испратени два Астрос II MLRS од бразилско производство.
Покрај тоа, три товарни брода – два под руско и еден под иранско знаме – го преминаа Каспиското Море од иранското пристаниште Бендер-Енцели до Астрахан.
Употребата на криминалниот свет, кој се занимава со недозволена трговија со оружје, ќе значи остра промена во стратегијата на Русија, бидејќи Москва се повеќе е принудена да се потпира на Иран во услови на санкции, пишува весникот.
Превод: Жорж Димовски