Руските окупатори, игнорирајќи ги нормите на меѓународното хуманитарно право, продолжуваат да ја користат тактиката на поставување воена опрема и персонал директно во станбените згради, пренесува nv.ua.
Ова го соопштија од Генералштабот.
Во привремено окупираните територии на регионите Запорожје и Херсон, окупаторите ги користат просториите на земјоделските претпријатија, енергетската и социјалната инфраструктура, во централните области на населбите. Има случаи кога непријателските војници водат борби во цивилна облека.
Превод: Жорж Димовски