Рускиот претседател Путин почна да му се заканува на Западот. Тој им се закани со глад и нов бран мигранти, на земјите кои и помагаат на Украина, пренесува украинска Мета.
Диктаторот рече дека ќе се постигнат целите на таканаречената „специјална операција“ во Украина и изрази незадоволство од санкциите. Путин смета дека западните мерки не влијаеле на руската економија и финансискиот систем. Претседателот на Руската Федерација изјави дека санкциите ќе им наштетат само на земјите што ќе ги воведат против Русија.
Путин се закани дека зголемувањето на цените на основните потреби, како што се ѓубривата, ќе доведе до недостиг на храна во делови од светот, што ќе резултира со глад и зголемена миграција на Запад.
Тој исто така рече дека западните ограничувања на извозот на високотехнолошки стоки само ќе ја поттикнат Русија да се движи побрзо кон развивање на нови технологии, отворајќи „нов прозорец на можности“.
Претходно Путин ја коментираше ситуацијата во Украина. Тој рече дека тоа е трагедија, но „Русија немаше избор“.
Превод: Жорж Димовски