ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Потребни се итни мерки за обезбедување на храна за сиромашните

April 14, 2022 09:09
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на Меѓународен монетарен фонд, Светската банка, Светската трговска организација и Светската програма за храна на ОН во заедничко соопштение упатија апел за итни мерки за справување со сè поголемата неизвесност за обезбедување храна за сиромашните земји, вклучително и финансирање на земјоделците и создавање поголеми резерви на храна.

Поради руската инвазија на Украина и западните санкции кон Москва, изминатите недели забележан е раст на цените на енергенсите и храната, а зголемувањето на цената на природниот гас влијае врз производството на вештачки ѓубрива, што пак им штети на земјоделците.

Во заедничкото соопштение се наведува дека меѓународната заедница треба да обезбеди средства за итно снабдување со храна, формирање на сигурна мрежа за сиромашните семејства и земјоделците, како и да се зголеми земјоделското производство.

Тие исто така апелираат и „отворена трговија“ со цел да се избегнат ограничувањата на извозот или „купувањето храна за хуманитарна помош“.

– Иако сиромашните земји се најзагрозени поради кризата, земјите со среден приход исто така се сè позагрозени, се истакнува во заедничката декларација.

Се понеизвесно е закрепнувањето на економијата поради новите мерки и затворањето во Кина поради Ковид-19, додека Украина е клучен извор на жито, а Русија е главен производител на енергенси и земјоделски ѓубрива.

– Многу повисоките цени на храната и недостатокот на резерви вршат притисок врз домаќинствата ширум светот и туркаат милиони луѓе во сиромаштија. Зголемената ранливост и конфликти им нанесуваат трајна штета на луѓето ширум светот, се истакнува во заедничкото соопштение. /МИА/.

Next Post

Ле Пен: Сметам дека Крим е руски и не жалам што не можам да влезам во Украина

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk