Вечерва се одржува конгрес на партијата Сириза под мотото „Нов почеток за политича промена“. Почесен гостин на конгресот е и Зоран Заев кого лидерот на Сириза, Алексис Ципрас го поздрави од говорницата. Кога го слушнаа името Зоран Заев, присутните делегати станаа на нозе и со овации го поздравија својот гостин.
Помеѓу присутните делегати е и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.
Ципрас ги поздрави и им се заблагодари на Зоран Заев и Никос Коѕијас за постигнуањето на Договорот.
Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност, рече лидерот на СИРИЗА.
Ципрас во својот говор се осврна дека во овие моменти на војна се поважна е и пораката од „Договорот од Преспа“ која упатува на мир и солидарност.
Во овие денови на војна, пораката на Договорот од Преспа е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот, кој поминува низ голгота од ужасите на војната, рече лидерот на СИРИЗА , Алексис Ципрас во неговиот говор на почетокот од партискиот Конгрес.
Горди сме што верувавме и го реализиравме, по секоја цена историскиот Договор од Преспа. Што не отстапивме и покрај притисоците и денес знаеме дека го сторивме правилното за земјата. Нашата патриотска должност. Договор кој ја врати европската перспектива на регионот кој акумулираше опасни тензии, оставајќи простор за засилување на трети сили на нашата северна граница. А неговата порака, во овие денови на војна е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот кој помиува низ голгота е од ужасите на војната, рече Ципрас.
Делот од говорот посветен на Договорот од Преспа, предизвика големи аплаузи и овации од присутните членови и симпатизери на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.