Во блиска иднина треба да се очекуваат нови ракетни напади врз Киев. Министерството за одбрана на Руската Федерација најави дека ќе го зголемат бројот и размерите на ракетни напади врз цели во Киев, пишува Telegraf.
„Бројот и обемот на ракетни напади врз цели во Киев ќе се зголемат како одговор на извршената саботажи на киевските сили на руска територија“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Исто така, наведени беа многу лажни вести како што е: постоење на „Полски платеници“. „Одред до 30 платеници од полската приватна воена компанија беше ликвидиран во Изум, Харковска област“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Дополнително, Русите известија дека во областа Чернихив бил соборен украински хеликоптер Ми-8 од системот С-400, кој нападнал населба во областа Брјанск во Руската Федерација.
Треба да се забележи дека, како што е познато од податоците на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Украина нема никаква врска со гранатирањето на руските села во регионите Брјанск, Курск и Белгород.
Советот за национална безбедност и одбрана го нарече гранатирањето руска провокација за да се оправда понатамошната агресија. Така, изјавите на Министерството за одбрана на Руската Федерација всушност треба да се сметаат за директно ветување за зголемување на бројот на ракетни напади врз Киев.
Пентагон, исто така, потврдува дека градовите во Украина, вклучително и Киев, остануваат под закана од ракетни напади од Руската Федерација.
Превод: Жорж Димовски