Русија почнува да покажува знаци на замор од војна со Украина, но на Владимир Путин му треба нешто што може да го претстави како победа, „прашањето е колку долго ќе трае тоа?, пишува Redtram.
Ова го изјави директорот на рускиот Совет за меѓународни работи Андреј Кортунов, пишува BBC. Според него, Путин во своите последни јавни изјави веќе ја сменил целта на војната против Украина, нарекувајќи ја единствената мисија на наводно заштита на луѓето во Донбас. Според експертот, тоа значи дека повеќе не се работи за промена на режимот во Украина, туку за консолидирање на достигнувањата што Русија ги има во источна Украина.
Кортунов, исто така, смета дека секоја понатамошна ескалација на непријателствата ќе бара одредена мобилизација, што ќе доведе до „зголемување на политичкиот ризик за руското раководство“. „Луѓето во Русија навистина не сакаат да се борат против Украинците. Јавната поддршка за руското раководство може да се намали ако целата оваа работа ескалира или ако целата работа продолжи предолго. Гледам знаци на замор. Можеби е прерано да се каже дека руската јавност ги менува ставовите за војната, но тоа секако не може долго да трае“, вели Кортунов.
Превод: Жорж Димовски