ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сенаторот Мит Ромни: САД треба да и обезбедат на Украина авијација и воздушна одбрана

April 15, 2022 16:41
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Соединетите Американски Држави, како лидер на слободниот свет, мора да и ја дадат на Украина потребната помош во спротивставувањето на руската агресија. САД треба да ѝ дадат на Украина авиони МиГ-29, системи за противвоздушна одбрана, противтенковски ракети и муниција, пишува Kp.ua.

Мит Ромни, американски сенатор од Јута, го изјави ова во коментар за Guildhall.

„Како лидер на слободниот свет, Соединетите Држави имаат одговорност да ја заштитат слободата и да промовираат мир. Да и помогнеме на Украина да се одбрани од руската инвазија не само што е правилно, туку е неопходно за одржување на безбеден и просперитетен свет – нашето учество ја гарантира нашата национална безбедност и ги зајакнува нашите глобални интереси“, рече американскиот политичар.

„САД, во координација со нашите партнери и сојузници, мора да направат се што е во наша моќ за да одговорат на повикот да му помогнат на народот на Украина да се одбрани од грозоморните постапки на Путин. Императив е американската влада да и ја испорача многу потребната помош на Украина. Ја предводев резолуцијата со која се повикува администрацијата на Бајден да ја зголеми нашата воена помош и да и обезбеди на Украина авиони МиГ-29, системи за противвоздушна одбрана, противтенковски ракети и муниција за борба и обезбедување на нивната земја и небо“, резимира Мит Ромни.

Повик за зголемување на воените испораки на Украина упати и министерот за одбрана на Канада во сенка, пратеникот во канадскиот парламент Џејмс Безан. Според него, Канада треба да и обезбеди на Украина противбродски ракети Харпун, лесни оклопни возила ЛАВ и оклопни амбулантни возила, додека сојузниците на НАТО треба да и обезбедат авиони МИГ-29.

Американскиот сенатор Тед Круз од Тексас изјави дека Соединетите Американски Држави се одговорни за обезбедување на Украина со се што е потребно за да се заштити од Русија. Според него, системи за противвоздушна одбрана, борбени авиони и друго смртоносно оружје треба веднаш да и бидат доставени на Украина.

Членот на Претставничкиот дом на британскиот парламент, Сер Роџер Гејл, говорејќи за зајакнувањето на воената помош за Украина, рече дека целото неопходно оружје од одбранбен карактер, вклучително и борбени авиони, треба да биде префрлено во Украина. Обемот на воена помош и брзината на испорака мора да се зголеми.

Германскиот Бундестаг повика и на зголемена воена помош за Украина. Пратеникот од редовите на Зелените во Бундестагот, Робин Вагнер, рече дека заедно со санкциите и политичкиот притисок врз Русија, пред сè е неопходно да се зголеми снабдувањето со оружје за Украина за ефикасна одбрана, како и за ослободување на окупираните територии.

Заменик-претседателот на Сеимот на Република Литванија Паулиус Саударгас рече дека земјите што ја претставуваат демократската заедница треба да достават тешко оружје во Украина, особено тешко оружје од офанзивна природа, бидејќи во Украина се води војна за да се заштити целиот свет. правен поредок.

Шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по рускиот удар на Краматорск, најави потреба од зголемување на санкциите против Русија и обезбедување повеќе оружје за Украина.

Превод: Жорж Димовски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Next Post

Танц Фест: Во Домот на АРМ ќе биде изведена претставата „09190“, а во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Галантан Индија“

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk