Руските регрути откако ќе пристигнат во редовите на руските трупи, веќе учат да ограбуваат во базите за обука и крадат од воените објекти. Ова беше објавено од прес-центарот на СБУ, а пренесува ru.slovoidili.ua.
Русија трпи големи загуби од украинските бранители и затоа не бира како да ги надополнува своите трупи. Така, во прислушуваниот разговор, еден од руските воени инструктори се жали дека новата група регрути не е целосно погодна за војна: „Како што рече полковникот, пред 10 дена беше собран џган од целиот Ростов. Има наркомани, криминалци и крадци од секаков вид“.
Во еден друг разговор, офицерите се жалат дека новодојдените слушнале толку многу за грабежите на војниците од групите кои се веќе во Украина што наместо да вежбаат со оружје, тие ги „брусат своите вештини“ за грабеж веќе во базите за обука.
„Размислувавме да ги оставиме возилата во близина на касарната. Отидов да да разговарам со нивниот командант – таму имаше некој заменик на дивизијата … Додека разговарав со него, се вртиме и гледаме: некои од војниците веќе ги демонтираат возилата! Веднаш и без никаков страв! Овие луѓе се толку непоправливи… Сами ограбуваат од својата војска“, вели рускиот инструктор.
Превод: Жорж Димовски