Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека протерувањето на руските дипломати од Северна Македонија ќе има негативни последици. Скопје на 15 април ги прогласи шестмината дипломати за персона нон грата и тие мора да ја напуштат државата во рок од пет дена. Реакцијата на Москва на ова ќе следи, рече Захарова, пренесува руски Комерсант.
„Уште една немотивирана акција против нашите вработени неминовно ќе има долгорочни негативни последици за руско-северномакедонската соработка“, коментира претставничката на руското МНР.
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на 15 април соопшти дека руски дипломати ја прекршиле Виенската конвенција за дипломатски односи.
Западните земји, како одговор на руската специјална воена операција во Украина, почнаа масовно да ги протеруваат руските дипломати.
Превод: Жорж Димовски