ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Марин Ле Пен обвинета за измама при користењето европски фондови

April 17, 2022 11:57
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатката за претседател на Франција Марин Ле Пен и нејзините блиски се обвинети од Европската канцеларија за борба против измами дека проневериле околу 600.000 евра европски пари за време на нивниот мандат како европратеници, јави дописникот на МИА од Париз.

Обвинетието е според новиот извештај објавен во саботата од Медијапар, кој веќе е предаден на Обвинителството.  Тоа потврди дека го добило овој извештај на 11 март, кој во моментов се анализира.

– Изненаден сум од силниот тајминг за откритието и неговата инструментализација, реагираше Родолф Боселу, адвокатот на Ле Пен, во кампањата за вториот круг од претседателските избори.

Боселу, исто така, вели дека е „запрепастен од начинот на кој дејствува Олаф“ (Европска канцеларија за борба против измами) и за некои „стари факти од повеќе од десет години“.

– Марин Ле Пен не е повикана од ниту еден француски судски орган, рече тој, изразувајќи жалење што ниту тој ниту неговиот клиент не биле приматели на конечниот извештај. Според него, истрагата на Олаф е отворена од 2016 година, а Марин Ле Пен била испрашувана по пошта во март 2021 година.

Новиот извештај на Олаф, од кој Медијапар објавува извадоци, се однесува на финансиските средства што политичките групи можат да ги користат во контекст на нивниот мандат како европратеници и кои Марин Ле Пен и оние блиски до неа би ги користеле за национални политички цели, за лични трошоци или за услуги во корист на комерцијалните компании блиски до Националниот собир и екстремно десничарската парламентарна група Европа на нациите и слободните (ЕНЛ).

Олаф ја осомничи Ле Пен, како и уште тројца поранешни европратеници – нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, нејзиниот поранешен придружник Луис Алиот и Бруно Голниш, член на националното биро на РН и ЕНЛ.

Канцеларијата ги обвинува дека проневериле околу 600.000 евра, за кои им препорачува враќање. Според извештајот, кандидатката на Националниот собир лично проневерила околу 137.000 евра народни пари од Парламентот во Стразбур кога била европратеничка во периодот од 2004 до 2017 година.

Од јуни 2017 година, Марин Ле Пен е обвинета и во истрагата спроведена во Париз поради сомнение за фиктивни работни места во Европскиот парламент на партиски асистенти. Таа е обвинета за „проневера на јавни средства“ и „соизвршителство“ во ова дело како дел од оваа судска истрага. /MИА/. 

Next Post

Општина Центар Жупа избира градоначалник

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk