Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се обврзуваат сите руски компании да се откажат од учеството на странските девизни берзи и да ги пласираат своите акции на руските. Според пишувањата на руските медиуми, законот е поврзан со падот на вредноста на руските компании на лондонската берза по руската инвазија на Украина и со негова помош Кремљ сака да избегне притисок на тие компании, пренесува news.obozrevatel.com.
Самиот документ беше објавен на порталот за правни информации на Руската Федерација. Според него:
- циркулацијата на депозитните потврди (хартии од вредност со кои се потврдува сопственоста на акции или обврзници од странски компании, тие го поедноставуваат тргувањето и порамнувањето со странски акции) на странски берзи, мора да престане 10 дена по објавувањето на законот;
- На компаниите ќе им бидат дадени 5 работни дена да ги преземат неопходните чекори за раскинување на договорите за пласирање на депозитни сметки.Сепак, во некои случаи, оптек на веќе издадени акции на руски компании надвор од земјата се уште е можен. За да го направат тоа, ќе треба да добијат соодветна дозвола од владата.
Според руските аналитичари, новиот закон ќе им овозможи на руските компании да го извлечат имотот замрзнат под санкциите. Но, меѓу олигарсите, други мислења се широко распространети. На пример, Владимир Лисин, главниот акционер на Новолипецкиот металуршки комбинат, смета дека тоа „не носи намалување на ризикот, туку зголемување“.
Превод: Жорж Димовски