Во Доњецката филхармонија, сите музичари беа мобилизирани во таканаречената „армија на ДНР“ со измама, пренесува povin.com.ua.
Ова го објави новинарот Денис Казански на неговиот канал во Телеграм.
Казански истакна дека луѓето наводно биле поканети да снимаат сторија за ТВ, а на самото место им објавиле дека ќе бидат испратени на фронтот. Потоа, без никаква подготовка, тие биле фрлени во Мариупол, каде всушност биле користени како мамка за идентификување на борбените точки на Азов. Некои музичари веќе починаа како познатиот џез изведувач Николај Звјагинцев.
Новинарот прикачи и неколку коментари со реакции на подржувачите на „рускиот свет“ на ова. Тој нагласи дека дури и овие луѓе разбираат дека музичарите едноставно биле безмилосно испратени како топовско месо.
„Во овој момент, би сакал да ги пренесам моите срдечни поздрави до сите оние кои излегоа на „референдумот“ во 2014 година и побараа „република“. Се надевам дека сте среќни сега? Сите овие ужаси, уништени градови, бесмислено крвопролевање – ова е на вашата совест “, додаде Казански.
Превод; Жорж Димовски