Услугата за онлајн мапи Google Maps престана да крие тајни локации на руската армија. Ова го објави УНН повикувајќи се на Армиинформ.
Во Google Maps, сите воени и стратешки објекти во Русија станаа достапни со максимална резолуција. Сега може да се видат различни интерконтинентални фрлачи на балистички ракети, командни пунктови, тајни полигони и слично со резолуција од околу 0,5 метри по пиксел. До сега, тие беа прикажувани на моменти со полош квалитет, што не дозволуваше идентификација и испитување на сите детали“, се вели во соопштението.
Особено, со добар квалитет може да се видат:
Носач на авиони „Адмирал Кузњецов“;
База за складирање на нуклеарна муниција во близина на Мурманск;
Ловец од 5-та генерација Су-57 во центарот за тестирање на летови на Министерството за одбрана на РФ;
Позиција за лансирање на интерконтинентална балистичка ракета;
Воздушна база во близина на Курск.
Превод: Жорж Димовски