Војската од 93-та посебна механизирана бригада „Холодни Јар“ собори уште еден руски јуришен хеликоптер Ка-52. Ова го соопшти прес-службата на војската, пишува Povin.
„Беше штета да се потроши Стингер на нив, па рускиот хеликоптер Ка-52 беше соборен со конвенционална “Игла“ (советски ПЗРК)“, рече претставникот за печат на бригадата.
Непријателски хеликоптери летаа на многу мала височина околу позициите на украинските вооружени сили. Противвоздушен стрелец од единицата истрелал две ракети кон хеликоптерот. Една од нив залута во топлинска замка, а втората ја погоди целта. Ка-52 беше соборен.
Се посочува и дека непријателската авијација се обидела да дејствува на позициите на украинската единица „Холодни Јар“, истрелувајќи ракети, но безуспешно. Хеликоптерот паднал поблиску до позициите на руските вооружени сили, па војската можела да се приближи ноќе. А во попладневните часови дронот повнимателно го извидуваше теренот и го покажа собореното летало.
„Ние се шегуваме меѓу себе дека соборивме руски хеликоптер со приближна цена од 15 милиони долари со оружје за 100 долари, кое беше платено уште во време на СССР“, резимира војската.
Офицерот исто така рече дека руските трупи се обидуваат да извршат активно гранатирање од артилерија и напад со авиони. Борците го штитат теренот, кој руските трупи се обидуваат да го заземат.
Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, до утрото на 17 април, украинските бранители веќе собориле 165 авиони и 146 хеликоптери на руските воздушни сили.
Превод: Жорж Димовски