ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Совет на амбасадори: Присуството на бугарска делегација на отворање клуб со контроверзно име – несоодветен обид за промоција на напредок во приближување на ставовите на двете влади

April 18, 2022 20:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Присуството на бугарската делегација на отворање клуб со контроверзно име на човек, чија улога не е докрај разјаснета од историски аспект, во најмала рака претставува несоодветен обид за промоција на напредок во приближување на ставовите на двете влади, кој би резултирал со отпочнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ, смета Советот на амбасадори, информира МИА.

– Совет на Амбасадори смета дека посетата на бугарски политичари од различна провиниенција, како претставници на одредени политички партии, на владата, парламентот и претседателот на државата, а по покана од здруженија на Бугари од Северна Македонија, предводени од премиерот Кирил Петков кои го посетија градот Битола, а дел од нив и Охрид можеше да биде во функција на понатамошно јакнење добрососедски односи меѓу двете пријателски земји, стои во соопштението.

Советот на Амбасадори го поздравува ставот на премиерот Петков дека ветото на преговори на Северна Македонија со ЕУ не носи ништо добро ниту за македонските Бугари, што е признание искажано за првпат од бугарски политичар.

– Од друга страна, изјавите на поранешната МНР на Бугарија, на сегашната, како и на потпретседателката, говорат за неединството во владината коалиција и претседателот по прашање на ветото. Посебно јавноста во Северна Македонија во негативна конотација ги прими крајно непромислените и контровезни изјави на потпретседателката за положбата на бугарското малцинство во Северна Македонија и македонското малцинство во Република Бугарија, наведуваат оттаму.

Ваквите стојалишта, додаваат тие, го објаснуваат составот на делегацијата и намерата „на лице место“ и со контролирана провокација да се испита „отпорноста“ на македонската страна, која доколку реагираше нервозно, или дозволеше да се предизвика инцидент ќе им дадеше аргументи на противниците на симнувањето на ветото, а бугарскиот премиер ќе имаше оправдување зошто и понатаму би одбивал да гласа „за“ отпочнување преговори.

– Совет на Амбасадори високо го цени фактот дека и покрај провокацијата, инцидент не се случи. Тоа нуди надеж, но сепак не е гаранција дека Бугарија ќе го крене ветото или дека преговорите сигурно ќе отпочнат за време на француското претседателство, зашто таквиот чин ќе зависи освен од стабилноста на владата во Бугарија и од резултатите на изборите во Франција, текот на војната во Украина и непроменливоста на ставовите на останатите земји членки на ЕУ во однос на нејзината иднина, оценува Советот на амбасадори.

Совет на Амбасадори смета дека Северна Македонија треба да се потпре најмногу сама на себе, да ги зајакнува сопствените капацитети за демократија, економија и заедништво не дозволувајќи ништење на македонскиот идентитет, јазик и култура, што опстојувале со векови на овие простори.

Next Post

Надал почна да тренира по едномесечна пауза

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk