ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Одбивањето за зголемување на платите од 10% во време на криза од СОНК е потврда дека интересите на децата не се земаат предвид, туку личните интереси

April 18, 2022 19:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на денешна работна посета во Општина Струмица, даде изјава за јавноста во врска со штрајкот организиран од СОНК, во која вели дека местото на учениците е во училиште, а на предучилишните деца во градинка, како и дека одбивањето на понуденото решение од Владата за зголемување на платите на наставниците, воспитувачите и негувателите од 10% во време на светска криза е само потврда дека интересите на децата не се земаат во предвид, туку личните интереси на СОНК.

„Почнува втората недела откако децата се надвор од процесот на образование децата се надвор од процесот на згрижување и воспитување од детските градинки. Решението кое што го понуди Владата до претставниците на СОНК беше зголемување на платите за 10 %  на наставниците професорите, воспитувачите и негувателите,  отворање на општ колективен договор и нова методологија за постојан раст на платите кој што ќе го следи растот на цените на трошоците на живот и растот  на просечната плата. Ваквото решение беше одбиено од страна на СОНК  што зборува дека не станува збор за интересите на децата и учениците туку СОНК постапуваат само согласно на своите лични интереси,“ рече Тренчевска

Да потсетиме дека во 2019 година, додаде Тренчевска,  порастот на платите во детската заштита беа зголемени за 21 % и со овој пораст од 10% покачување на платите ќе имаме покачување од 31% за само неполни 3 години.  Покачувањето од 2500 денари  во просек на платата на воспитувачите и 2000 денари во просек на платата на негувателите во услови на Ковид криза, ценовна криза и економска криза е навистина пораст кој што требаше да биде прифатен од страна на организаторите на штрајк -СОНК.

„За она што децата се сеуште надвор од процесот на образование и од процесот на згрижување во установите за предучилишно  образование единствено се виновни СОНК како организатори на штрајкот, со тоа што го продолжија штрајкот, а не го прифатија реално доброто понудено решение од страна на Владата, МТСП и МОН. Владата прави се за да најде соодветно решение да најдеме заеднички јазик со СОНК за децата да се вратат во училиштата,  а да имаме покачување на платите на воспитувачите, негувателите, професорите, наставниците. Местото на децата е во училиштето, местото на децата е во градинките и единствено одговорни за ова доколку не се најде соодветно решение ќе биде токму СОНК како организатори на овој штрајк,“ рече министерката Тренчевска во своето обраќање до јавноста.

 

 

Next Post

Бројни гости уживаа во изложбата на уметникот Кардула во Тирана

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk