ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Велковска Блажева: Не се сеќавам дека зборувавте за солидарност кога за време на карантин ја земавте вашата неприкосновена загарантирана плата

April 18, 2022 16:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Драги наставници и воспитувачи, излезете на штрајк во 17. На раскрсници. Секој ден.

Во 17 ч., тогаш обично си одиме дома ние од приватниот сектор, каде што нè има многу различни, ама во суштина тоа сме ние што не спаѓаме во категоријата „јал не јал – три и пол“. Ние што немаме загарантирана плата ако не работиме. Фирмите во коишто работиме го полнат буџетот од кој вие ја земате вашата неприкосновена, загарантирана плата. Се сеќавате, ви остана недопрена и во време на карантините кога ние сами си ги учевме децата по дома, додека паралелно работевме полно работно време, сеедно од која локација. Имаше секакви случаи тогаш во приватниот сектор, многумина останаа без работа, на други им беше намалена платата, некои се консолидираа, други не. За среќа, вашата плата, како и платата на преостанатите административци за кои „работам од дома“ значеше „не работам“, остана недопрена. Не се сеќавам дека тогаш зборувавте за солидарност.

Вратете ги учениците во клупите, со скратени часови или скратена втора смена, и излезете во 17. Тогаш ќе ве поддржам, без оглед што сте одбиле 10% покачување како да живеете во паралелен универзум, а не во време на глобална економска и енергетска криза (која, да, и нас од приватниот сектор нè погодува). Луѓето на кои им го доверуваме образованието на нашите деца заслужуваат да се солидно платени и со љубов да ја работат професијата што треба да е благородна. Ќе ве поддржам зашто се надевам дека така ќе им давате доволно вода на децата во бебешките групи и нема да ви биде тешко почесто да им ги менувате пелените. Се надевам дека ќе видам барем минимум грижа за какво-таквото образование на генерациите кои последниве две години се за греота – хоумскулинг, онлајн часови, скратени часови, задоцнета школска година, продолжен распуст, штрајк…

Уште повеќе ќе ве поддржам ако видам дека навистина сте обединети и се борите за подобро образование и за достоинство на професијата, а тоа, драги мои, не значи само поголема плата. Нека крене рака тој што не е вработен во градинка или училиште благодарение на партиска книшка. Ќе ве поддржам кога ќе видам дека не ви е важно кој е на власт за да ги испорачате своите барања и кога за образованието нема да се дискутира само на политичка база (како ланските „дискусии“ за дигитализацијата од која имате уплав иако сте бар 10 години зад светот). Кога ќе побарате од сите функционери, избрани, именувани и определени, да се откажат од службени картици, патни трошоци за до Месечината, огромни хонорари за секоја комисија и тело во кое дигаат рака како што добиле инструкции. Ќе ве поддржам кога ќе кренете глас против прекубројната и неодржлива администрација во која на секои двајца што работат има уште 10 што ги потпираат ѕидовите. Истата таа партизирана администрација што ниедна власт досега не смогна храброст да ја реформира… јер гласачка машинерија. Некому можеби му одговара образовните работници да бидат само продолжение на таа јавна администрација/гласачка машинерија, меѓутоа тоа не е баш достоинствено.

Фејсбук објава од Бисерка Велковска Блажева

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Yesenia Lara Gutiérrez

Кандидатка за градоначалничка во Мексико застрелан за време на пренос во живо од предизборен митинг

May 13, 2025

Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената

May 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на RICK FILE

Мисијата на ОН во Либија повика на деескалација на борбите и нападите врз цивилите во Триполи

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk