Информациската војна во современи услови е еден од одлучувачките фактори за победа. Ова е особено важно за Украина, која води асиметрична војна против држава со нуклеарно вооружување и со доминантен воен потенцијал. Нивото на политичка поддршка, износот на помошта и обемот на санкциите наметнати против агресорот зависат од перцепцијата на настаните во Украина во странство, пишува Redtram.
Објективните податоци покажуваат дека Украина победи во првата рунда на информативна конфронтација во текот на 50-те дена од војната.
Отвореност, високо професионално ниво на организација на информативната кампања од страна на Кабинетот на претседателот, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и украинските новинари, подготвеноста и способноста да ја браниме нашата позиција во светските медиуми, активна работа на социјалните мрежи – сето тоа во Украинското „мени“ беше многу повкусно од бесконечните и отворените лаги на братството на агитатори и пропагандисти од Кремљ.
Превод: Жорж Димовски