Руските власти, соочени со колосални загуби на бојното поле, сакаат да ги претворат Украинците кои живеат на привремено окупираните територии на југот на земјата во „топовско месо“, пренесува prozoro.net.ua.
Според Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана, Кремљ планира да одржи референдуми во областите Запорожје и Херсон, по што целото машко население на воена возраст што живее во новите псевдорепублики ќе биде насилно испратено во војна.
„Ова е уште едно злосторство на режимот на Путин против Украина и доказ за геноцидот што се спроведува врз украинската нација“, соопштиja од Вооружените сили на Украина.
Превод: Жорж Димовски