ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Со сателитски снимки, обелоденети докази за масовни гробници надвор од Мариупол, се претпоставува дека во руското бомбардирање се загинати 20.000 цивили

April 21, 2022 19:48
in BREAKING NEWS, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Мариупол (Ројтерс)

Мариупол (Ројтерс)

Share on FacebookShare on Twitter

Украинските власти во вторникот (19 април) ја идентификуваа локацијата на очигледните масовни гробници надвор од опколениот украински пристанишен град Мариупол. Овие тврдења сега се потврдени со објавувањето на сателитски снимки собрани и анализирани од Maxar Technologies, објави Си-Ен-Ен.

Во денешната објава (21 април) на Телеграм, Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, напиша: „Како резултат на долгата потрага и идентификација на местата на масовно погребување на мртвите жители на Мариупол, го утврдивме фактот за масовното погребување на загинатите Мариуполци во Манхуш“.

Андриушченко – кој не е во Мариупол, ги објави координатите на Телеграм, велејќи дека руските сили ископале неколку масовни гробници, секоја со големина од околу 30 метри, во Манхуш, гратче на околу 19 километри западно од Мариупол.

„Камионите ги носат телата на мртвите, всушност, едноставно ги фрлаат во насипот“, рече тој. „Ова е директен доказ за воени злосторства и обиди за нивно прикривање.“

Maxar во вторникот објави анализа на сателитски снимки на кои се чини дека покажуваат докази за нови гробници на локација на северозападниот раб на Манхуш.

Масовни гробници во Мариупол, снимени на 23 март 2022 од Maxar Technologies.

„Според неодамнешните извештаи во медиумите, руските војници на оваа локација ги носат телата на загинатите во Мариупол“, се вели во анализата на Maxar. „Прегледот на нашите сателитски снимки од средината на март до средината на април покажува дека копањето нови гробови започна помеѓу 23 и 26 март 2022 година, а продолжија во текот на изминатите неколку недели.“

Вадим Бојченко, градоначалникот на Мариупол, исто така во четвртокот обвини дека руските сили ги закопале телата во масовни гробници во Манхуш, поради тврдењата на украинските власти дека околу 20.000 луѓе загинале за неколку недели од бомбардирањето.

„Повеќе од 20.000 цивили – жени, деца, постари луѓе – загинаа на улиците на нашиот град од непријателската артилерија и авиони“, рече тој. „И ова е исто така [засновано] на доказите на шефовите на нашите општински служби, кои го видоа сето тоа. И за жал, видовме дека телата на мртвите жители на Мариупол почнаа да исчезнуваат од улиците на нашиот град.“

Бојченко рече дека масовните гробници биле надвор од обиколницата, во близина на гробиштата.

„И има поле во близина на гробиштата, а на ова поле има ровови долги 30 метри и таму ги закопуваат, ги носат телата на загинатите со камиони и ги фрлаат во овие ровови“, кажа тој.

Си-Ен-Ен не може самостојно да ги потврди тврдењата дека Русите ги фрлиле телата во масовните гробници на таа локација, а не е достапен цврст биланс на жртви по неколкунеделното силно бомбардирање на Мариупол. Новинарите во Мариупол го документираа избрзаното погребување на цивилите во опколениот град, а на социјалните мрежи се појавија слики на кои се гледаат телата кои очигледно се оставени за собирање во градот.

Доказите за масовни гробници надвор од Мариупол се појавија додека рускиот претседател Владимир Путин го прогласи „ослободувањето“ на градот, иако истовремено се откажа од упад во фабриката за челик Азовстал, последниот бастион на украинските бранители во градот, каде што се засолнети и цивили.

„За жал, денес не е можно да се евакуираат цивилите од Азовстал“, рече Бојченко. „Затоа што бараме стабилен прекин на огнот, некаде ни треба еден ден за да можеме да ги сместиме оние жители кои таму се кријат 57 дена по ред, а ги бомбардираат, бомбардираат и бомбардираат.“

Бојченко процени дека во Мариупол остануваат околу 100.000 луѓе.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk