Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. По завршувањето на посетата министерката даде изјава.
На прашањето од Фронтлајн: -Што ако не се постигне договор до после Велигден, кои ќе бидат следните чекори на Владата, ако штрајкот влезе во трета недела?, министерката Тренчевска најави дека на иницијатива на вицепремиерот Фатмир Битиќи, денеска во Влада започнуваат дијалог со репрезентативните синдикати за подготовка на Општ колективен договор за јавниот сектор.
Денес на иницијатива на вицепремиерот Битиќи започнуваме со дијалогот со репрезентативните синдикати за подготовка на општ колективен договор за јавниот сектор. Состанокот ќе се одржи денеска во Влада. Во рамки на Општиот колективен договор ќе ги решиме сите прашања, рече Тренчевска.
Нашето решение кое што го дадовме до СОНК е решение кое што најмногу одговара во овој момент и жалам што и по вчерашниот состанок Советот на СОНК не донесе одлука да го прекинат штрајкот и учениците да се вратат во училиштата, а децата да се вратат во детските градинки, рече Министерката.
М. Ацковска