ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Нема да има Велигденско примирје во Украина, сателитски снимки покажуваат нови гробници во Мариупол

April 22, 2022 14:08
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да има прекин на огнот во Украина ниту за време на претстојните Велигденски празници, иако имаше надеж дека големиот христијански празник ќе биде причина народот да добие мир, пишува Би-би-си по вчерашната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој во своето обраќање кажа дека руските дипломати го одбиле нивниот предлог за мирување на воените дејствија за време на празникот.

„За жал, Русија го отфрли предлогот за воспоставување на Велигденско примирје. Ова многу добро покажува како лидерите на оваа држава всушност се однесуваат кон христијанската вера. На еден од најрадосните и најзначајните празници. Но, ние остануваме со надеж. Надеж за мир, надеж дека животот ќе ја победи смртта“, порача Зеленски во синоќешниот говор.

Украинскиот претседател им се заблагодари на посетата и поддршката на данскиот и шпанскиот премиер како и на САД што најави нов пакет за поддршка со артилерија, гранати, беспилотни летала. Ова беше веќе 26-то обраќање пред парламентите на  земји-партнери со Украина што Зеленски го оцени како успешно и додаде дека на тој начин се приближува до одлуката за обзебедување помош за Украина.

Денешниот 58-ми ден од почетокот на руската инвазија врз Украина донесе нови сателитстки снимки снимени во близина на пристанишниот град Мариупол каде се покажуваат масовни гробници за кои американската компанија што ги снимила и објавила снимките тврди дека се појавиле во периодот од 23 до 26 март. Според снимките се проценува дека ново пронајдените се околу 200 гробови во кои како што изјави градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојаченко може да се закопани околу 9000 цивили, јавува новинската организација Ал Џезира.

Бојаченко најостро ги коментира новите снимки со гробниците што се наоѓаат 20 километри западно од Мариупол, обвинувајќи ја Руската Федерација за предизвикување на најголемото воено злосторство на 21-от век во Мариупол.

„Ова е новиот Баби Јар, тогаш Хитлер ги убиваше евреите, ромите и словените, а сега Путин ги убива украинците. Ова бара силна реакција од светот, геноцидот мора да биде запрен по секоја цена“, изјави Бојаченко споредувајќи ги гробниците на снимките со Баби Јар каде во 1941 година од страна на нацистите биле извршени повеќе групни масакри врз украинските евреи.

Во меѓувреме, заменикот генерал на централниот воен округ во Русија, Рустам Минекаев изјави дека една од целите на Русија во втората фаза од специјалната воена операција е да воспостави целосна контрола над Донбас и Јужна Украина. На овој начин ќе се обезбеди копнен коридор до Крим и истото ќе има витално влијание врз украинската економија.

Украинското државно обвинителство денес информира дека за време на воениот конфликт меѓу Русија и Украина биле убиени 208 деца, а повредени биле 386 и притоа се нагласува дека овие бројки не се конечни, јавува Укринформ.

Рекации има и од канцеларијата за човекови права на Обединетите Нации (ОХЦХР) од каде алармираат за зголемените докази за воени злосторства и бараат Кијив и Москва да им наредат на борците да го почитуваат меѓународното право.

„Руските вооружени сили неселктивно гранатираа и бомбардираа населени места, убивајќи цивили и уништувајќи болници, училишта и други цивилни инфраструктури и сите тие се дејствија што може да претставуваат воени злосторства“, велат од ОХЦХР.

Оттаму додаваат дека се документирани и неселктивни употреби на оружје од стрна ана украинските сили во источниот дел од земјата.

Извор: МЕТА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk