Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Телеграм, сподели фотографии од Мариупол пред руската брутална агресија.
„Ова беше Мариупол пред инвазијата на руските трупи. Прекрасен град со половина милион луѓе. Во моментов, таму практично нема неоштетени згради. Нема Мариупол. А исто така го нема Виктор Дедов кој ги направи овие фотографии“ – напиша Зеленски.
Фотографиите се од украинскиот новинар и директор на Мариуполската ТВ Сигма, Виктор Дедов, кој беше убиен од руските агресори на 11 март, според Укринформ кој цитираше Фејсбук објава од Серхиј Томиленко, претседателот на Националната унија на новинарите на Украина.
„Смртта на уште еден украински новинар како последица од руската окупација беше потврдена – главниот директор на ТВ Сигма во Мариупол – Дедов“ – напиша Томиленко.
Фото галеријата што ја сподели Претседателот Зеленски ја вклучува и фотографијата од авторот на фотографиите на некогаш прекрасниот Мариупол, Виктор Дедов.