Генералниот директор на „Укрпошта“ Игор Смилјански зборуваше за познатиот бренд со бродот, поточно колку пари и донел на компанијата. За неа се ределе километарски редици, почнувајќи од 5 часот наутро во текот на 2 недели, пишува „Мета“.
Повеќе од 1 милион долари. Вопшто не е лошо. Во услови кога нашите други приходи паднале. Најавена е веќе и следната поштенска марка од оваа серија со назив “руски воен брод… Толку!“ и ќе ја затвориме оваа серија. Оваа марка прелиминарно ќе биде во тираж од 5 милиони, вели Смилјански.
„Со ова ние ја затвораме таа тема, но потоа пак ќе се обратиме до нашиот народ, затоа што сега сите станаа филателисти во Украина. Ние испитуваме каква следна марка тие би сакале – со “Кремљ“, “Чорнобаивка“ или со “Добра вечер, ние сме од Украина!“ или пак со кучето “Патрон“ кое помага при разминирање“, истакна Смилјански.
Среќните сопственици веќе почнале да ја продаваат скапо на онлајн платформите.
превод: Жорж Димовски