ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илон Маск наскоро би можел да стане единствен сопственик на Твитер

April 25, 2022 12:58
in TECH FRONT, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претставниците на компанијата „Твитер“ одлучија да преговараат со извршниот директор на „Тесла“ откако Илон Маск ги соопшти деталите за неговата понуда за преземање на компанијата. Понудата изнесува четириесет и три милијарди долари.

„Твитер“ вчера започна преговори со Маск, откако на акционерите им објасни одредени детали од понудата.

Одлуката на компанијата да контактира со Маск не значи дека ќе ја прифати неговата понуда од 54,20 долари по акција, велат изворите. Но, тоа сепак значи дека „Твитер“ истражува дали продажбата на Маск е можна поради атрактивните услови за акционерите.

Најбогатиот човек на светот купи речиси 73,5 милиони акции на компанијата „Твитер“, кои на берзата пораснаа за 26 отсто, речиси веднаш откако објави, токму на Твитер, дека „сериозно размислува“ за лансирање на нова социјална мрежа.

Маск во изминатите неколку дена имаше средби со акционерите на Твитер, барајќи поддршка за неговата понуда. Тој порача дека „Твитер“ треба да биде приватен за да се развива и да стане вистинска платформа за слобода на говорот.

Акционерите ги принудија претставниците на компанијата на разговори откако Маск во четвртокот го претстави деталниот план за финансирање на неговата понуда, обидувајќи се да „не дозволи можноста за договор да исчезне“.

Инсистирањето на Маск дека веќе ја дал „најдобрата и последна“ понуда беше пречка во преговорите, велат изворите, но одборот одлучил да преговара со него, за потенцијално да добие подобри услови.

„Твитер“ сакаше да дознае повеќе за сите активни истраги на регулаторите против Маск, вклучително и Американската комисија за хартии од вредност (SEC), што би претставувало ризик за договорот, велат лица запознати со случајот.

Твитер, исто така, испитува дали регулаторите имаат забелешки за водење бизнис на некој од пазарите каде што работат компаниите на Маск. Доколку се утврди дека продажбата на Маск би била ризична, компанијата би можела да бара значителна компензација за раскинувањето на договорот за преземање.

Компанијата, инаку, првично беше против предлогот Маск да го зголеми својот удел во „Твитер“ на повеќе од девет отсто, без преговори со главниот одбор. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Русија го блокира најпопуларниот светски шаховски сајт „Chess.com“

НАЈНОВО

Како Анаис го прави хороскопот на Фронтлајн

Како Анаис го прави хороскопот на Фронтлајн

October 19, 2025

Променливо облачно, температурата до 19 степени

October 19, 2025

Претставата „Малата Фрида“ победник на 4. ИФДТ „Игор Маџиров“ 2025

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk