РИБАРО
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска по исцрпна тримесечна потрага успеала да го лоцира споменикот на Андон Ќосето. Камерите не можеа да ја доловат сета среќа на градоначалничката кога таа тоа ѝ го објави.
Успеав, го најдов Ќосето! Цели три месеци го баравме, со широка задоволна насмевка проглаголи Данела за екипата на АХА.
Таа се пофали дека потрагата по Триумфалната порта во Скопје, траела многу пократко. Само еден месец им бил потребен на Арсовска и нејзиниот тим да ја најдат Порта Македонија.
Градоначалничката, за АХА, ексклузивно го најави и следниот потфат што нејзиниот неуморен тим го пикирал.
Сега одиме да го најдeме гробот на Александар Македонски. Тоа може да потрае малку подолго, но јас верувам во мојот тим. Ќе го пронајдеме гробот на Аце, јас тоа ви го ветувам, рече Арсовска.
Градоначалничке, а каде ќе биде поставен овој пат Ќосетo, праша АХА.
Па, како каде? Пред судот. Тој е судот и правдата на ВМРО, ножот и егзекуторот, одговори Арсовска.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK