Активистот Замер Мехмети во изјава за ФРОНТЛАЈН во врска со најавата на градоначалничката Арсовска за повторно поставување на споменикот на Андон Ќосето, изјави дека Данела Арсовска која што требаше да биде назависна градоначалничка на Скопје, покажува дека е многу зависна.
Јас го сметам тоа како провокација и пренесување на порака. Тие два елементи можам да ги издвојам. Провокација е ако знаеме и имаме во предвид за каква контраверзна фигура се работи. Ако знаеме што правел Ќосето низ историјата и по што е познат, рече Мехмети.
Мислам дека ова е пораката што Даниела која што требаше да биде назависна Градоначалничка на Скопје покажува дека е многу зависна и е порака директно пратена од ВМРО-ДПМЕ кон сите неистомисленици со таа партија, што следи, односно дека Ќосето се враќа по правдата, изјави, Мехмети.
М. Ацковска