ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ за (продолжениот) штрајк во образованието: Интересите и добробитта на децата мора да бидат на прво место!

ЦИВИЛ уште еднаш упатува јавно барање до сите инволвирани страни во штрајкот на училиштата на прво место да ги стават интересите и добробитта на децата, а не сопствените, а уште помалку партиските интереси.

April 27, 2022 13:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ уште еднаш предупредува на штетните последици од (продолжување) на штрајкот во образованието врз развојот на децата. Одлуката на СОНК да го прекине штрајкот и да продолжи наставата, но по одредени притисоци од членството повторно да го продолжи, упатува на политички, односно партиски мотивирано дејствување. Уште посериозен е проблемот што штрајкот веќе до сега ги загрози правата на децата, на што предупреди и УНИЦЕФ, како и ЦИВИЛ во претходното соопштение (Да за повисоки плати, но не врз грбот на децата!).

ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи во чија работа веќе 23 години се вградени заложбите за социјална правда и недискриминација, ја изразува поддршката за барањата за повисоки плати на работничките и работниците во сите сектори. Оттаму, ЦИВИЛ принципиелно се залага за повисоки плати за вработените и во образованието. Но не врз грбот на децата, односно ученичките и учениците во основните и средните училишта! Тие имаат фундаментално право на образование.

ЦИВИЛ уште еднаш упатува јавно барање до сите инволвирани страни во штрајкот на училиштата на прво место да ги стават интересите и добробитта на децата, а не сопствените, а уште помалку партиските интереси.

Децата не се должни да ги трпат последиците од лошите состојби во образованието и барањата за повисоки плати. Децата и нивните семејства не се должни да ги трпат импровизациите што се најавуваат за надополнување на изгубените часови. Ваквиот однос кон децата мора да престане!

Ставот на ЦИВИЛ, како и на многубројни семејства со кои организацијата стапи во контакт во текот на изминатите денови, останува ист:

Интересите на децата мора да бидат на прво место!

Воедно, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека од повеќе општини низ земјата дојдоа извештаи за непримерен притисок врз дел од наставниот кадар да се приклучи кон штрајкот. Според изјавите на наставниците кои се обратија во организацијата, мотивацијата за штрајкот, како и притисоците врз нив се политички мотивирани. Според нив, притисоците се вршат од позиција на одредена политичка партија и немаат врска со социјалните барања на наставниот кадар.

СОНК и институциите имаат обврска да ја почитуваат Конвенцијата за правата на детето, усвоена на Генералното собрание на ОН, со резолуцијата 42/25 од 1989 година, во која, меѓу другото, во член 28, се вели:

Државите членки го признаваат правото на детето на образование  и поради постепеното остварување на ова право врз основа на еднакви можности, посебно:

(а) Го прогласуваат основното образование за задолжително и бесплатно за сите;

(д) На сите деца на располагање им ги ставаат образовните и стручните информации и услугите за професионална ориентација;

(е) Преземаат мерки за поттикнување на редовното посетување  на  училиштата и за намалување на испишувањето од училиштата.

Како организација која се залага за остварување и унапредување на универзалните човекови права, вклучително и правата на детето, ЦИВИЛ предупредува на кршењето на детските права во остварувањето на правото на образование, како и на штетните последици по децата кои произлегуваат од долготрајниот прекин на наставата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МТСП: Во првите 100 дена обезбедивме историски раст на минималната плата и пензиите

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk