Споменик на Ќосето сигурно не сакаме, напиша на Фејсбук, Маја Морачанин, претседателка на Зелената партија ДОМ.
„Дали навистина градоначалничката на Скопје планира да троши пари од буџетот, за организирање референдум за да ги праша граѓаните дали сакаат споменикот на Ќосето да биде вратен пред Судот!?
А, постојано се жали дека нема доволно пари во буџетот за да ги сервисира неопходните потреби на скопјани?
Споменик на Ќосето сигурно не сакаме!“, пишува во објавата Морачанин.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, претходно изјави дека градската администрација што ја предводи со месеци го барала споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд.
– Да не се грижат, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, а за негово поставување ќе ги прашаме граѓаните, рече градоначалничката Арсовска.