Изјава не претседателот на Македонското собрание, Талат Џафери при посетата на Украина:
„Почитуван драг колега Руслан, почитувани колеги, почитувани медиуми,
Секако на почетокот сакам да се заблагодарам на поканата која што безрезервно ја прифатив и денеска сум тука за да изразам лична и институционална поддршка на Врховната Рада и на пратениците на Врховната Рада, поддршка на граѓаните на Република Северна Македонија на Украина и на украинскиот народ. Република Северна Македонија безрезервно се приклучи кон сите рестриктивни мерки преземени од меѓународната заедница кон Руската федерација и тоа ќе продолжи и понатаму да го прави.
Истовремено, Република Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО членките и на Европската унија за финансиска и воена помош на Украина. Секако, ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна.
Денеска имавме прилика на лице место да ги гледаме и да ги видиме злоделата кои што ги учинила Руската федерација на тлото на Украина и кон украинските граѓани и затоа после оваа денешна посета и лично и институционално ќе бидеме ангажирани тие злодела да добијат соодветно име, а никакво друго име освен геноцидни дела. Секако, на крајот уште еднаш да се заблагодарам на поканата, да живее Украина, да живее украинскиот народ“, рече Џафери.