ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски од Рим: Потпишана нова петгодишна Програмска рамка со ФАО

April 28, 2022 16:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерoт Николовски и заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, денеска во Рим остварија средба со Генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство на ОН – ФАО, Кју Донгју. Во рамките на посетата, министерот Николовски ја потпиша новата петгодишна Програмска рамка, помеѓу Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Република Северна Македонија, за период 2021 – 2025 година, информираат од Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На средбата министерот Николовски изрази благодарност за одличната и долгорочна соработка со ФАО. Партнерството значително се зголеми откако Република Северна Македонија во 1993 година стана членка на ФАО. Соработката опфаќа широк опсег на области како што се управувањето со земјиштето, развојот на локалната заедница, безбедноста на храната, здравјето на животните, шумарството, адаптацијата и ублажувањето на климатските промени. При соработката, постојано, акцент се става за усогласување на земјоделскиот и руралниот сектор во Северна Македонија со стандардите на Европската Унија и целите за одржлив развој на ОН.

„Со новата петгодишна Програмска рамка која ја потпишавме денеска со ФАО ќе  постигнеме две стратешки цели –  одржлив и инклузивен економски и социјален развој со фокус на малите земјоделски стопанства и управувањето со климатските активности, природните ресурси и управување со ризици од катастрофи. Ние сме подготвени да ги продолжиме активностите и одличната соработка со ФАО преку која министерството, Владата и граѓаните на нашата држава директно на терен го гледаат бенефитот. Ќе го спомнам само успехот кој го направивме со тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација, чекор со кој направивме историско придвижување во спојувањето на парцелите што крајно придонесе за смалување на производствените трошоци и зголемување на приходите на земјоделците. Соработката со ФАО е богата, течат многу заеднички проекти кои се од огромен интерес за нас“  изјави министерот Николовски.

Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021 – 2027 година е основен долгорочен стратешки документ кој ги одразува приоритетите на Северна Македонија во земјоделството и руралниот развој. Три клучни цели содржи Стратегијата кон кои ФАО дава придонес. Првата се однесува за подобрување на конкурентноста на земјоделско-прехранбениот сектор, економската одржливост и приходите на земјоделските стопанства, втората за примена на еколошки практики во производството кои овозможуваат ублажување и прилагодување на климатските промени и третата за обезбедување на одржлив развој на руралните области.

Министерот Николовски истакна дека ќе бидат ставени на располагање сите расположливи ресурси за успешно спроведување на програмата, за што неопходна ќе биде поддршката од ФАО при идентификување на нови финансиски инструменти, фондови и размена на знаење од другите земји – членки, кои имаат слични развојни искуства во секторот за храна и земјоделство.

Next Post

Маричиќ за РАИ: По 17 години чекање мораме да го заокружиме заедничкиот проект со ЕУ

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk