Украинските спасувачи денеска го извлекоа безживотното тело на продуцентката на Радио Слободна Европа, Вира Хирич од под урнатините на зграда во Кијив, што беше погодена од проектил.
Во соопштението на Радио Слободна Европа се наведува дека Хирич работела во нивната редакција во Киjив од февруари 2018 година, а починала вчера откако руска ракета ја погодила зградата во која живеела.
Претходно, градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, објави дека две експлозии го потресоа централниот дел на Киев откако руските сили вчера го нападнаа главниот град на Украина.
Првично беше соопштено дека во овој напад се повредени најмалку 10 лица, но Кличко истакна дека денеска е пронајдено едно тело во урнатините.