ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Градот кој беше еден од најразвиените во регионот сега е само руски концентрационен камп

April 30, 2022 15:31
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска стана познато дека новинарка, вработена во „Радио Слобода“, Вира Гирич, е убиена од удар на руска ракета врз станбената зграда во Кијив. Таа стана дваесет и третиот медиумски работник, чиј живот беше отсечен како резултат на руската инвазија на 24 февруари. Мое сочувство до сите најблиски, сите нејзини роднини. Вечно сеќавање на сите жртви на оваа војна, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.

Обраќањето на Зеленски го пренесуваме интегрално:

„Завршува 65-тиот ден од нашата одбрана. Нанесуваме удари по окупаторите во сите правци каде што се обидуваат да напредуваат.

Тешка е состојбата во Харкивската област. Но, нашата војска, нашите разузнавачки службеници имаат важни тактички успеси.

Во Донбас, окупаторите прават се за да уништат каков било живот на оваа територија. Постојаното брутално бомбардирање, постојаните руски удари по инфраструктурата и станбените области докажуваат дека Русија сака да ја остави оваа територија без луѓе.

Затоа, одбраната на нашата земја, заштитата на нашиот народ е буквално борба за живот. За Лисичанск, Северодосетск, Попасна, Краматорск, Славјанск, Маринка и сите други градови и заедници на Донбас, кои руските трупи сакаат да ги претворат во урнатини, апсолутно сè се решава во оваа војна.

Само ако издржи Украина, тие ќе живеат. Меѓутоа, ако руските напаѓачи успеат да ги реализираат своите планови барем делумно, тогаш тие сепак ќе имаат доволно артилерија и авијација за да го уништат целиот Донбас до темел. Како што веќе го направија тоа со Мариупол.

Градот кој беше еден од најразвиените во регионот сега е само руски концентрационен камп во средината на урнатините. И наредбите на окупаторите во тој на Мариопол кој, за жал, сè уште е под нивна контрола, се незначително различни од она што го правеа нацистите на заробената територија на Источна Европа.

Но, руската војска успева да биде дури и повеќе цинична од нацистите пред 80 години. Напаѓачите од тоа време барем не велеа дека жителите на Мариупол и бранителите на градот самите себеси се пукаа и убиваа.

Благодарен сум им на Соединетите држави, Претседателот Бајден и Конгрес за аналогот на познатата програма Lend-lease, која ќе помогне во борбата против Русија, против руските напаѓачи. Која што помогна во борбата против нацистите за време на Втората светска војна.

Сигурен сум дека Lend-lease сега ќе ѝ помогне на Украина и целиот слободен свет да ги надминат идеолошките наследници на нацистите кои одлучија да војуваат против нас на нашата земја. Lend-lease и другите програми за поддршка на Украина се конкретен доказ за тоа дека слободата сè уште е во состојба да се одбрани од тиранијата.

Владата на Украина денес го разгледа прашањето за ликвидација на дефицитот на пазарот на гориво. Редици и пораст на цените на бензинот има во многу области на нашата земја. Окупаторите намерно ја уништуваат инфраструктурата за производство, снабдување и складирање на гориво. Русија исто така ги блокираше нашите пристаништа, и затоа нема инстант решенија за пополнување на дефицитот. Но, владините лица ветуваат дека во рок од една недела, максимум две ќе биде обезбеден таков систем на снабдување со гориво на Украина, кој ќе може да го спречи недостигот.

По рускиот ракетен напад на рафинеријата за нафта во Кременчук, ова е тешка задача. Но, владините службеници, заедно со добавувачите на гориво, заедно со трговците и мрежите, треба да ја исполнат оваа задача, колку и да е тешко. Сигурен сум дека тие ќе ја исполнат. Мораме да земеме онолку гориво од Европската унија колку што е потребно за нашите граѓани сега.

Амбасадорката на Велика Британија во Украина Мелинда Симонс денес се врати во Кијив.

Сега веќе 27 странски дипломатски мисии работат во главниот град на нашата земја. И ова е исклучително важен гест на поддршка за Украина, за кој сме благодарни за нив.

Ваквите гестови, заедно со моќната дефанзивна, финансиска и политичка поддршка од слободниот свет, значат дека секој ден за Русија се повеќе е очигледна потребата да се стави крај на војната. Губењето на напаѓачите е неминовно.

Во привремено окупираните делови во Херсонската област, соработниците велат дека тие наводно се подготвуват за транзиција во „зона на рубли“. Било какви обиди да ја пренесат нашата територија во административниот, валутниот или кој било друг систем на Русија ќе значи само една работа: самата Русија од ова ќе настрада. Нашите одговори, санкции и друг одговор на слободниот свет на агресивните активности на Русија нема да бидат прекинати.

Во Кијив сеуште трае отстранувањето на урнатините, каде вчера, за време на посетата на генералниот секретар на ООН, Антонио Гутерес, нападнаа руски ракети. За жал, но таквото свесно и сурово понижување на Обединетите нации од страна на Русија остана без моќен одговор.

Денеска стана познато дека новинарка, вработена во „Радио Слобода“, Вира Гирич, е убиена од удар на руска ракета врз станбената зграда во Кијив. Таа стана дваесет и третиот медиумски работник, чиј живот беше отсечен како резултат на руската инвазија на 24 февруари. Мое сочувство до сите најблиски, сите нејзини роднини. Вечно сеќавање на сите жртви на оваа војна!

Денес во Белата сала на Хероите на Украина во Маринската палатаа им доделив награди на нашите бранители и членови на семејствата на загинатите војници. Орденот „Златна ѕвезда“ го примија Хероите на Украина: подполковникот Сергиј Бурковски, капетанот Виталиј Гурал, постариот потполковник Дмитро Дозирчиј, потполковникот Олександар Зугравиј, полковникот Дмитро Кашченко, мајорот Олександр Кукурба, капитенот Олег Пасичник, потполковникот Вјачеслав Циганков, полковникот на медицинската служба Олександр Слесаренко, потполковникот Леонид Хода, полковникот Денис Чајук и генерал -полковникот Сергиј Наев.

Исто така, на тројца воени лица им беа доделени ордени „Златна ѕвезда“ постхумно. Бев почестен да им ги предадам на роднините на нашите херои-наредници Володимир Балјук, мастер-наредникот Олександр Цјупак, мајорот Павло Сбитов.

Токму благодарение на нашите херои благодарение на сите кои што застанаа во одбрана на нашата земја, ние можеме да живееме, можеме да бидеме со нашите блиски во сопствениот дом“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk