ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ не треба да се одвива без фонд за животна средина

Професорката Силвана Мојсовска за потребите на Центарот за истражување „Еко-свест“ изготви Анализа за воспоставување Фонд за животна средина во Република Северна Македонија, во која се нагласува дека состојбата со управувањето на јавните финансии за заштита на животната средина во земјава покажува дека постои механизам за собирање на пропишаните давачки, кои главно се влеваат во централниот буџет, меѓутоа, тие не се предмет на планирано и организирано управување.

May 2, 2022 08:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нужно е во земјава да биде формиран фонд за животна средина, кој е потребен за да обезбеди одржлив систем за заштита на животната средина преку финансиски механизми и редовни извори на приходи. Меѓу другото, фондот е потребен и за евроинтеграцискиот процес, бидејќи  по приемот во Европската Унија на земјава ќе ѝ бидат ставени на располагање фондовите и оперативните програми на Унијата. Министерството за животна средина и просторно планирање неколкупати се обидува тој да биде основан, но со оглед на моменталната кризна ситуација, тој процес мора да биде одложен.

Приходите во државниот буџет за заштита на животната средина треба да бидат алоцирани во тој фонд.
Преку фондот ќе се придонесе за подобрување на животниот стандард на граѓаните и екосистемите и ќе се овозможи зголемена транспарентност и отчетност на трошоците за животната средина за да се има увид каде се потрошиле државните пари во интерес на граѓаните.

Целта на фондот за животна средина е да управува со јавните финансии наменети за заштита на животната средина.

Професорката Силвана Мојсовска за потребите на Центарот за истражување „Еко-свест“ изготви Анализа за воспоставување Фонд за животна средина во Република Северна Македонија, во која се нагласува дека состојбата со управувањето на јавните финансии за заштита на животната средина во земјава покажува дека постои механизам за собирање на пропишаните давачки, кои главно се влеваат во централниот буџет, меѓутоа, тие не се предмет на планирано и организирано управување.

– Управувањето со јавните финансии за заштита на животната средина подразбира да се изнајде оптималниот сооднос меѓу потрошените јавни пари во проекти за заштита на животната средина и добиените резултати од тие проекти, е еден од заклучоците на професорката Мојсовска во изготвената анализа.

Според анализата, се препорачува воспоставување фонд за животна средина како засебно правно лице основано со капитал од Владата, која ќе има директна контрола врз неговото работење. Фондот треба да има широк мандат и би третирал различни прашања од областа на заштитата на животната средина.

Би функционирал како револвинг фонд во кој би се влевале надоместоците за користење на природата по различни основи, надоместокот за заштита на животната средина при регистрација на моторни возила и пловни објекти, потоа надоместоците за управување со отпадот, како и надоместоците пропишани за употребата на пластични производи и амбалажа од пластични маси.

– Дополнително, фондот би остварувал и приходи по основ на камати на меки заеми. Во надоместоците не се вклучени давачките од областа на животната средина, кои се плаќаат на определени државни органи по основ на извршена услуга, се вели во анализата.

Фондот, според анализата, првенствено треба да работи со меки заеми и грантови, а корисници на средствата на фондот би биле правните и физичките лица, универзитетите и граѓанските организации.

– Вкупната вредност на средствата обезбедени од буџетот за определени цели од областа на животната средина во 2020 година е 14.6 милиони евра. Меѓутоа, овие потпрограми не се составени само од активности поврзани со заштитата на животната средина, туку се многу покомплексни и не може да се смета дека планираните расходи целосно се во функција на зачување на животната средина, истакнува професорката.

Главен носител на креирањето на политиките за животна средина во земјава е Министерството за животна средина и просторно планирање, така што приоритетите за проектите што ќе ги финансира државата со јавни финансии треба да бидат утврдени во согласност со стратегиските и програмските документи на Министерството.

– Во насока на евроинтеграцискиот процес и поглавјето Екологија, говорат и повеќе примени од регионот. Примерот на Црна Гора покажува дека кога процесот на преговори со Унијата ќе напредне, земјата мора да покаже дека има систем за управување со јавните финансии за заштита на животната средина со оглед на тоа дека по приемот во ЕУ ќе ѝ бидат ставени на располагање фондовите и оперативните програми на Унијата. Секоја земја мора да е подготвена да ги користи, а колку е нејзиниот капацитет поголем, толку може да користи повеќе средства, наведоа за МИА од „Еко-свест“.

Во однос на еколошките давачки, од „Еко-свест“ потенцираа дека најголемиот процент од тие средства завршува во централниот буџет, но мал дел за животна средина, како и за други намени за кои нема трага.

– Како податок, минатата година повеќе од 4,6 милиони евра собрани како еколошки надоместоци по десетина различни основи се слеале во државната каса. Само 1,2 милион евра завршиле на сметка на Министерството за животна средина и се искористиле за конкретни еколошки проекти. Затоа предлагаме еколошките такси да бидат искористени на транспарентен начин преку фондот за животна средина, нагласија од „Еко-свест“.

Според информациите од „Еко-свест“, поради пандемијата на Ковид-19 државава ги повлекла парите наменети за Охридското Езеро и го скратила буџетот на Министерството за животна средина, како и парите за мерните станици за воздух и за други еколошки проекти.

Имено, од „Еко-свест“ констатираа дека за да функционира фонд за животна средина потребно е соодветно кадровско раководење и транспарентен процес на избирање проекти мерливи според целите на одржлив развој.

Оттаму посочија дека со таков фонд индустријата ќе биде мотивирана да ги модернизира своите капацитети, а таксата што ја плаќа за одржување на стандардите, директно би се влеала во буџетот на идниот фонд за животна средина, давајќи ја за пример јаловината што настана oд рудникот Саса и се излеа во Каменичка Река кај Македонска Каменица како една од катастрофите направени за животната средина.

Имено, нашата земја веќе има искуство со раководење со фонд за животна средина. Во период од 1998 до 2002 година функционирал Фонд за животна средина преку кој врз база на нашите искуства бил формиран и хрватскиот Фонд, кој сè уште функционира. За жал, заради нетранспарентните потстапки, Фондот во минатото се основал и по одредено време се затворил.

Околу потребата за формирање фонд за животна средина, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини за МИА посочи дека Министерството апсолутно сака да биде создаден таков фонд.

– Ние сме за фонд за животна средина, апсолутно, но прво што треба да направиме ние во нашата држава е да направиме реформи во финансиите. Тоа значи од каде да се пренасочат средства за фондот. Ние треба да направиме реформи во даноците и глобите кои се однесуваат на животната средина, тие средства сега се влеваат во централниот Буџет. Тоа треба да се промени и тие средства да одат во фонд за животна средина и да се реинвестираат, потенцира Нуредини.

Тој појасни дека Министерството за животна средина и просторно планирање повеќепати се обидува да воспостави таков фонд.

–  Сега ние ќе очекуваме да се смири малку ситуацијата и повторно ќе го бараме истото. Ние сакаме да имаме фонд за животна средина и е предвидено да имаме, но тоа ќе го почнеме подоцна бидејќи имаме економски тешкотии. Со оглед на енергетската и економската криза, Буџетот сега се концентрира на поддршката на економијата, заклучи Нуредини./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk